„Регионална соработка за подобра социјална инклузија” – втора етапа од проектот

Втора етапа од проектот за размена на искуства – воспоставување на услуги на грижа во заедницата со родово – чувствителна димензија била реализирана вчера во општина Куманово, во зградата на поранешни општествено – политички организации, стои во објавата на општинскиот сајт.
Како што пишува на официјалниот сајт на општина Куманово, во проектот се опфатени повеќе општини од регионот, Куманово, Свети Николе, Кочани, Валандово, Делчево и Прилеп.
Учесниците на едукативниот настан претставиле концепти за воспоставување на услуги на грижа во заедницата со вклучени родови аспекти и миграциски чувствителни пристапи.
Биле разгледани можности и предложени начини за изнаоѓање на релевантни, ефективни, одржливи услуги/пристапи кои создаваат промени на ниво на ЛНОБ групи, локални заедници и на национално ниво.
Во рамките на настанот, учесниците го посетиле Центарот за рехабилитација и реинтеграција на возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост – „Порака наша” – Куманово.

 

Коментари

коментар(и)