РЦУК: Пожарот од село Алгуња проширен кон Челопек

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека вчера околу 12:00 часот започнат е пожар во атар на с.Алгуња, маало Голиновци. Со пожарот е зафатена ниска вегетација, грмушки и појаси со шума. Пожарот е проширен кон с.Челопек. Во гаснењето на пожарот интервенирале 8 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 лица од ЈП „Козјак“ од Старо Нагоричане како и 1 екипа од ТППЕ Куманово. Од утринските часови е планирано во гаснењето на пожарот да биде вклучен е хеликоптер на МВР како и 30 војници од Армијата.

Коментари

коментар(и)