Се поставуваат нови клупи и во Градскиот парк

Во тек е поставување на клупи и канти за смет на новоизградената пешачка патека на кејот на река Липковка кај стариот Градски парк. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Пешачката патека на стариот градски парк, кој моментално се реконструира, е изградена неодамна и минува покрај реката Липковка. Во февруари годинава, заврши првата фаза од проектот која опфати реконструкција на патеките, изградба на паркинг простор и игралиште за кошарка. Стариот градски парк треба да прерасне во нов урбан „паметен“ парк со повеќе забавно-рекреативни содржини.

Коментари

коментар(и)