Се прибираат предлог-проекти за културни манифестации за 2025 година

Уште една седмица трае јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година.  Како подносители на  предлог-проекти можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност кои треба да исполнуваат неколку критериуми. Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог-проекти.

Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.

Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  на 07 октомври и ќе трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Барањата кои ги исполнуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2025 година.

Коментари

коментар(и)