Современа метеоролошка станица поставена во Куманово

Нова автоматска агрометеоролошка станицa е поставена

Во дворот на државното средно училиште „Киро Бурназ“ поставена е нова автоматска агрометеоролошка станицa која ќе дава релевантни податоци за метеоролошките мерења и временската прогноза во целиот регион за потребите на Управа за хидрометеоролошки работи.

Изборот на локација е спроведена од УХМР, а по добиеното одобрение од МОН, станицата е инсталирана на таа локација.

Станицата ќе врши мерења на врнежите, влагата во почвата, брзината на ветерот, правецот на ветерот, атмосферскиот притисок, влажноста и температурата и преку софистицирани софтверски решенија го анализираат ризикот за различни култури.

Податоците од станиците ќе се користат и за правилно користење на средствата за заштита на растенијата согласно микроклиматските услови.
Се очекува деновиве да се доуреди просторот околу станицата.

Коментари

коментар(и)