Студентски отпор најавува масовна мобилизација на студентите, протестите не се исклучени како опција

Како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, велат од Студентски отпор.

Според Студентски отпор, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.

Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30%.

Исто така, во однос на субвенционираниот студентски оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година се уште немаме информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за оброкот.

Коментари

коментар(и)