Таравари: До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Коментари

коментар(и)