Театар Куманово настапи на летната сцена во Крива Паланка

Театар Куманово вчеравечер ја изведе детската претстава „Волшебникот од Оз“ на летната сцена во Крива Паланка.

Младата актерска екипа од Театар Куманово ги плени најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – девојчето Дороти, во најново поставената театарска претстава.

Инаку, Крива Паланка годинава е град на културата за 2024 година и има голем број културни настани.

Коментари

коментар(и)