Тешка сообраќајна незгода на Стража

МВР соопшти дека вчера во утринските часови, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила тешка сообраќајна незгода во која учествувале три возила. Во незгодата биле вклучени товарно возило „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен возач од Куманово, минибус „Мерцедес Спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60-годишен возач од село Горно Седларце, општина Боговиње, и патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32-годишен возач од село Ливада, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „БМВ“-то, кој бил веднаш пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде што му биле констатирани повредите. Дополнително, неговиот сопатник, 25-годишен маж од струшкото село Калишта, се здобил со полесни телесни повреди.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево, која ги истражува околностите на сообраќајната незгода.

 

Коментари

коментар(и)