26-годишен кумановец е тешко повреден откако со мотокултиватор, од засега непознати причини излетал од патот и удрил во ѕид.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, вчера во 13.40 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов кумановец управувајќи мотокултиватор со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија надлежните.