ВИДЕО: „Три ипол сестри“ на театарот од Винковци

Кумановските љубители на комедијата синоќа имаа можност да уживаат во претставата „Три и пол сестри“ на Театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска.

Станува збор за претстава во режија на Преѓа Гвоздиќ, а во која играат четири дами: Петра Цицвариќ, Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ и Лаворка Трдин.

Ова е четврта претстава од годинешното 26-то издание на фестивалот кој ќе трае до 15-ти месецов. Вечерва на програмата е Театар „Комедија“ од Скопје со претставата „Илуминати“.

Коментари

коментар(и)