Тркалезна маса за стратегиите за насилен екстремизам

Во Куманово вчера се одржа тркалезна маса за промовирање и имплементација на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, во организација на Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и Мисијата на ОБСЕ – Скопје. Присуствуваа претставници од општина Куманово, СВР Куманово, здруженија и невладини организации. Во своето обраќање, претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска го потенцираше постоењето на акцискиот тим во заедницата на Локален совет за превенција, создаден врз основа на тестиран модел на Мрежата на силни градови за локални структури, кои работат на превенирање на насилен екстремизам. Спречувањето на насилниот екстремизам бара учество на целото општество преку вклучување на државните институции, граѓанското општество и заедниците. Се спроведоа и интерактивни дискусии во врска со соработката на централно и локално ниво, како и предизвиците со кои се соочуваме. Дискусијата и препораките ќе обезбедат основа за успешна имплементација на новите Национални стратегии.

Коментари

коментар(и)