„Трнорушка“ – хуманитарна претстава за малата Јована

На 29 септември во петок, Театар Куманово игра за малата Јована.

Актерите ќе ја изведат претставата „Трнорушка“, на сцената на Центарот за култура со почеток во 18 часот.

Цена на билетот е 100 денари.

Сиот приход ќе биде уплатен на сметка на Јована Илиевска, девојче кое што боледува од церебрална парализа.

„Да бидеме хумани – дојдете со вашите дечиња на претставата за да може и Јована утре да ужива во претставите“, повикуваат од  Театар Куманово.

Коментари

коментар(и)