Труење со храна на домашна прослава во Куманово

Неколку лица од Куманово вчера побарале медицинска помош на Инфективното одделение во Општа болница Куманово заради труење со храна.

„Се работи за труење со храна на домашна прослава за девет или десет лица со клиничка слика на интензивни проливи. Сите лица се амбулантски решени со рехидрирање, во стабилна состојба се пуштени сите на домашно лекување. На инфективното одделение моментално нема задржано лица на хоспитално лекување. Што може да се случува во текот на летниот период, а многу пати е повторувано во поглед на храната – нејзино соодветно чување и складирање и строго внимавање на хигиена, хигиена лична, односно раце и хигиена на просторот каде што се подготвува и чува храната“, изјави д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово

Коментари

коментар(и)