„Тумсток“ вечерва на градскиот плоштад, утре Тамбурашкиот фестивал

На градскиот плоштад вечерва ќе се одржи хип-хоп фестивалот „Тумсток“. Станува збор за фестивал фокусиран на домашната хип-хоп музика, а на кој ќе настапат многу домашни имиња, додека ѕвезда на вечерта ќе биде Тони Зен. Освен Тони Зен, пред кумановската публика ќе настапат и Double G Mafia, Shpanac, Luka Chombe, David Black, Togzi, Pakela, Иван Ајнштајн, Аиман, Tounkilla, Vybe и LXRD.

Утревечер на плоштадот во Куманово ќе се одржи јубилејниот, 20-ти Меѓународен тамбурашки фестивал со почеток во 20 часот.

„Фестивалот ќе го отворат „Кумановци за Куманово“ – Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски и Маргица Антевска и јас, Нино Величковски. На настапот музичка пратња ќе биде „Табиет“ од Свети Николе, а подоцна следуваат настапите на ТО „Пљевље“ од истоимениот град од Црна Гора, со солистите Нина Стругар и Драгиша Чолиќ, гостинот од Србија. Фестивалот ќе го затвори Тамбурашката школа на Славко Фрањо Батурек кој има над 200, заедно со ветераните преку 300 ученици и учесници во училиштето. Со тоа ќе ја заокружиме 20-годишната прослава на тамбурата и тамбурашкото движење во Македонија. Благодарност до Секторот за култура, градоначалникот и Советот на општина Куманово и сите што ја сакаат музиката“, рече Нино Величковски, уметнички директор на Тамбурашки фестивал.

 

Коментари

коментар(и)