Уапсен бегалец од затвор

МВР информира дека синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 38-годишен кумановец.

Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната, соопшто МВР.

Коментари

коментар(и)