Комедијата „Ужалена фамилија“ утревечер во Центарот за култура Трајкопрокопие премиерно ќе ја изваде драмската аматерска група. Претставата која е по текстот на Бранислав Нушиќ, е во режија на Тони и Христина Станковски.
-Со оваа екипа почнавме да работиме сосема случајно, ги знаевме децата од порано, тие почнаа да го работат самостојно овој проект и не поканија за да видиме до каде се. Дојдовме на една проба, видовме до каде се но видовме нешто друго што одамна го немаме видено во Куманово, што се однесува до аматерската сцена. Видовме огромен ентузијазам, невидена енергија и љубов кон театарот, тоа беше одлучувачко за да ја земеме оваа група и да ја направиме оваа претстава како што треба-истакна режисерот Станковски.
Комедијата која ќе започне во 20 часот, ќе се изведе на кумановски дијалект.
-Картите се веќе распродадени, останати се уште само мал број, кој нема се уште набавено нека побрза на билатерницата за да си набави-дополни тој.