Украинец излетал со „хонда“ од коловоз

Викендов во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, 51-годишен државјанин на  Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово

Коментари

коментар(и)