Физички напади го одбележаа изминатиот викенд

Секторот за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд дваесет и петгодишен кумановец и неговиот брат пријавиле дека со метални предмети биле физички нападнати од три лица. Нападот се случил на улицата „Васка Петковска” во Куманово, а освен што биле нападнати, им било оштетено и возилото.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, како што информираат надлежните, дваесет и двегодишен кумановец пријавил во СВР Скопје дека бил физички нападнат од две лица на подрачјето на Центар во Скопје.

Во одделен случај, 44 годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата 35-годишна сопруга од Куманово биле физички нападнати од три лица. Нападот се случил во дворот од куќата на пријавителот на подрачјето бна Шуто Оризари, информира МВР.

Оттаму посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коментари

коментар(и)