Физички нападнати кумановци

Во СВР Куманово вчера бил извршен службен разговор со двајца жители на кумановското село Тромеѓа, на возраст од 51 и 58 години, соопштија надлежните. Тие се сомничат дека околу 10.00 часот во угостителски објект на улица „Народна револуција“ учествувале во физички напад врз двајца кумановци во кој биле употребени тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)