Физички нападнат возач на автобус

Возач на автобус во Куманово бил физички нападнат, откако три лица го запреле попречувајќи му го патот со автомобил, соопштија надлежните. Според МВР, 63 -годишен кумановец, пријавбиле дека додека управувал автобус, сопственост на фирма од Куманово, на релација од Петровец до Куманово, во близина на крстосницата помеѓу ул.„3-та МУБ„ и ул.„Тоде Мендол“ му бил попречен патот од патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегле три лица кои започнале расправија со него, по што едно од лицата физички го нападнало, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)