Цените на производите повторно ќе се замрзнат

Маркетите ги отстранија производите со акциски цени и повеќе нема промоции на продуктите. Со стапувањето на сила на владината одлука се забрануваат сите промотивни акции на прехранбени производи. Надлежните сметаат дека на овој начин се правеле манипулаци и со цените и се избегнува можноста за намалување на цените и нивно замрзнување.

Секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, а утре на седница на Влада ќе бидат избрани производите односно 25 категории на производи кои ќе бидат намалени за 10% во однос на цената која ја имале на 1 август.

– Утре на седницата на Владата ќе биде доставена листата на цени, а од среда ќе почнат засилени контроли на ДПИ каде што ќе бидат вклучени и членови од Владата. Би сакал да ги повикам сите чинители во нашата држава, производителите и трговците, чии производи не се на листата, да се јават во министерството за да се прошири опсегот на поевтинети производи. Денеска ќе имам состанок и со производителите на пијалоци и со дистрибутерите, со цел следната одлука да бидат вклучени и тие во одлуката за намалување на цените до 30 ноември – рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Коментари

коментар(и)