Црвен крст со обука за личен асистент на лица со попреченост

Општинската организација на Црвен крст Куманово објави конкурс за обука на личен асистент на лица со попреченост. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да поседуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат  да аплицираат до 10-ти февруари. Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да се на возраст од 18 до 65 години, невработени, со минимум завршено средно образование, да имаат општа психо-физичка способност за работа  и да бидат мотивирани да работат со лица со попреченост. Можат да се пријават на телефонскиот број 031/424-179 или на електронската адреса kumanovo@redcross.org.mk. Пријавените ќе бидат повикани на интервју, информираат од Црвениот крст на Куманово.