ЦУК апелира на редовно чистење на локалните одводни канали

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска апелираат за поголема внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд на места и со засилен ветер, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Во соопштението испратено до јавноста, оттаму уште информираат дека во последното деноноќие биле пријавени три пожари на отворено во урбани средини и населени места како и за свлечиште помеѓу селата Согле и Богомила во Општина Чашка.

Според ЦУК, во последните неколку месеци, свесноста на граѓаните за реално пријавување на проблеми е зголемена и потсетуваат дека Единствен повикувачки број за итни случаи во ЦУК е 112.

Коментари

коментар(и)