Шеесет и една година од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Пред точно 61 година, на 26-ти јули 1963 година, утрото во пет часот и 17 минути, Скопје го погоди катастрофален земјотрес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди.

Градот бил срамнет со земја. Во урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 лица. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Првата помош за граѓаните на Скопје пристигнала од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

87 нации од светот испратиле помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и името „град на солидарноста“, а многу скопски улици носат имиња на европски престолнини.

61 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе се одбележи со изложби и филмски проекции.

Коментари

коментар(и)