Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.
1009 санкции за брзо возење на ниво на државата
