Се асфалтираат улиците во градот

По околу 100 метри  во должина од улиците Видое Смилевски Бато и АВНОЈ  денеска добија нов асфалт. Деновиве интензивно се работи на втората фаза од  проектот за санација на патната инфраструктура во градот.

Граѓаните сметаат дека е вистинско време за реконструкција на поголемиот број од улиците во Куманово. Задоволни се од општинската инвестиција, но посочуваат дека  можело уште поодамна да се обнови патната инфраструктура .

 -Нема автомобилите да ги кршиме веќе, требало многу поодамна да се асфалтира и тоа не само оваа улица, повеќе од половина низ градот се дупки, добро е сега, само има една лоша страна, кога ќе дојде време за избори тогаш се растрчуваат партиите да ги градат улиците и даваат многу ветувања кои подоцна не ги исполнуваат, жител на Куманово

-Тоа е едно добро за граѓаните нема да ги кршат возилата, требаше уште порано да се направи ,ама кога ќе се стигне, не може се да се направи се одеднаш, изјави жител на Куманово

-Редно беше , овде беше катастрофа, пред една година еден човек удри во ограда кочејќи да не падне во дупка на улицата . Во принцип градот треба да се одржува, семафори, пешачките премини треба да се обележат , општината треба повеќе да се сконцентрира на тие работи, во доменот  на политиката не не интересира, нас не интересира улицата да е направена, семафорите да работат, пешачките премини да се обележани, а не да ги помниме како од пред 20 години, изјави жител на Куманово

Според најавите од надлежните, за околу еден месец треба да заврши целосната санација на улиците која општината ќе ја чини 22 милиони денари, а ќе се обнови околу 6 ипол километри патна инфраструктура.

Коментари

коментар(и)