Се одржа јубилејното издание на „Рома труба фест“

Бројни љубители на ромската музика синоќа присуствуваа на Градскиот плоштад, каде што се одржа 10-тото јубилејно издание на фестивалот „Рома Труба фест“, кој што го организира ансамблот на народни ромски игри и песни, „Рушит Шаќир“. На годинешниот фестивал пред кумановци настапија пет дувачки оркестри од Македонија и Србија, како и Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ и Анета Мицевска Молика. Организаторот, Самет Салиевски се надева дека традицијата за одржување на фестивалот  ќе продолжи и во иднина.

– Јас сум презадоволен затоа што оваа година сме добро организирани, имам добри гости, очекувам дека тие, зборувам за оркестрите кои што се вечерва тука ќе дадат се од себе, ќе имаат добар репертоар, она што ќе треба вечерва да го покажат-наведе тој.

Инаку десетото издание на фестивалот „Рома Трба фест“ го отвори Анета Молика, која што ја испеа ромската химна Џелем, Џелем.

-Како што беше и минатиот пат на овој фестивал, очекувам доста публика и добро расположение, групи. За некој што слушал се и сешто од мали нозе, а јас сум слушала секаква музика, и ромски, српски, англиски, така што не ми е тешко да пеам ромски, но ако треба за текстот да се консултирам со некого, тоа да сигурно-наведе таа.

Останатите гости истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат на фестивалот, кој што од година во година е се подобар. Освен посетители од Куманово, имаше гости и од другите градови од државата, кои редовно го следат фестивалот.  Нагласија дека на градот му се потребни повеќе вакви фестивали,  на кои ќе имаат можност да ги слушнат дувачките оркестри.

Манифестацијата која што е дел од годишната програма на Секторот за култура за 2015 година, се одржува под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.

 

Коментари

коментар(и)