Заврши Меѓународната ликовна колонија „ Карпино 2015 “

Тринаесеттата Меѓународна Ликовна колонија „Карпино 2015“ официјално беше затворена синоќа . Четириесетина дела создадени од вештите раце на петнаесет уметници од Македонија,Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Украина ќе ги разубавуваат  ѕидовите на организаторот- Мултимедијалниот центар „Карпино“  како и на повеќе општински установи и институции.

-„На Денот на независноста ја затворивме 13-та колонија.Уметниците создадоа над 35 дела,кои првин ќе бидат презентирани пред кумановската публика на изложба која се реализира во чест на Денот  на градот,а потоа ќе биде поставена во галериите во другите градови од државата„-изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар  „Карпино“

„Уметниците твореа во класични и комбинирани техники„-изјави Мирослав Величковски, уметнички раководител на колонијата

Посетата на манастирскиот комплекс во Карпино  кој се наоѓа на подрачјето на општина Старо Нагоричане била најголемата инспирација при  творењето на уметниците.  За учесниците,  колонијата е можност за размена на искуства.

Меѓународната  ликовна колонија како и секоја година се организира  со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)