Волк задави овци во селото Пчиња

Осум овци и две кози се задавени, а уште седум овци биле нападнати, но преживеале кога утрово околу  5 часот волк се спуштил од боровата шума над кумановското село пчиња  и се нафрлил врз стадото во трлото на 70 годишниот Никола Петровски. Среќа во несреќа е што крволочното животно  не ги удавило сите 115 овци од кои го прехранувам семејството, вели сточарот.

– Околу 5 часот беше јас пред тоа бев надвор, беше мирно, потоа се вратив да легнам, но кучињата започнаа да лаат, но мене ѓавол не ми даде да станам и да видам зошто лаат . Кога дојдов кај овците околу 6 часот видов катастрофа, удавени овци, сигурно се волци, и повеќе ништо не знам. 7 овци преживеаа, тие за врат се фатени, ги вакциниравме со ветеринар, тој вели дека не знае дали ќе останат живи. Добитокот не е осигуран, да е осигуран сигурно ќе има отштета, тука грешиме ние сточарите, но тоа е, изјави Никола Петровски, сточар

 Петровски знае дека штетата не може да му се надомести  која изнесува околу 1.000 евра бидејќи добитокот не е осигуран, но сепак се надева дека некој ќе му помогне. Задавениот добиток ќе го фрли на депонијата Краста. Мештаните одвреме -навреме ги среќаваат  волците во селото, но 30 години не се случило да нападнат стадо овци. Се случувало  сточарите кога го напасуваат добитокот  во шумскиот предел над селото да биде нападната една овца од волк, но никогаш во селото.

-Ова куче утрово , јас крави да молзам во 5 и 15 часот но јас не сум знаел дека е волк ќе се спротивставиме нема да дозволиме да ги удави. И утринава го виделе луѓе како се движи не се плаши, значи само со куршум да се убие,   -изјави  Бошко Величковски, ловџија

На Величковски му е жал што утрово не можел да помогне на соседот и да го убие волкот како што успеал пред неколку години со својата ловечка пушка да застрела волк на сред село со еден кушум.

Инаку, во Пчиња живеат околу 800 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Во селото кое е оддалечено од  градот околу 8 километри се одгледуваат повеќе од 1000 овци.

 

Коментари

коментар(и)