Кумановската ракометарка Александра Боризовска замина во клубот ПАОК од Грција. Ова ќе биде втор странски предизвик за Боризовска, која повеќе години беше капитен на ЖРК Куманово и каде заедно со останатите минатата сезона го освоија домашното првенство и Купот на Македонија.
Младата кумановска ракометарка летово потпиша за Умаг. Боризовска настапува и за женската репрезентација на Македонија.