Се поставуваат тротоари на улицата „Стево Филиповиќ“

Жителите на улицата „Стево Филиповиќ“ која се наоѓа во населбата Перо Чичо, наскоро ќе добијат тротоари. Нови бекатон плочки ќе се постават и околу влезот на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Во моментов се работи на ископи, се поставува тампон и рабни ивичници. 

Граѓаните велат дека на овој начин ќе се реши деценискиот проблем со нивната улица. Додаваат дека овој дел не е безбеден за пешаците,  особено за учениците кои немаат каде да се движат.

-Ако не е тротоар џабе се улиците направени, многу е корисно, бидејќи децата се движат, овде има многу сообраќај  децата одеа по кал и го носеа во училници-велат тие.

Жителите на населбата Перо Чичо нагласуваат дека покрај тротоари треба да се постави и нова ограда на влезот на училиштето, но и неколку контејнери. Поставувањето на тротоарот на „Стево Филиповиќ“ е во рамки на проектот на Општина Куманово, за реконструкција на 7 километарската патна инфраструтктура. 

 

 

Коментари

коментар(и)