Сертификати за учениците од проектот „Обединети во мирот“

Учениците, кои беа дел од проектот „Обединети во мирот“ кој го реализираше здружението „Доверба“ од Куманово, денеска на локацијата „Студена вода“ добија серитификати за успешно реализираната обука.

Тие низ игра за градење на тимови, направија планови за промоција и проширување на проектните активности во останатите средни и основни училишта.

На настанот учествуваа раководителката на проектот Дивна Јанкова и менторот Александар Стефановски, како и претставници на Советот на родители, Јасмина Додевска и Марија Арсиќ.

Проектот „Обединети во мирот“ се реализираше со поддршка на Екуменска иницијатива жена Хрватска.

Коментари

коментар(и)