Изложба на скулптури „Акт“ на Ненад Тонкин

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово  утревечер, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури на авторот Ненад Тонкин. Се работи за најновата продукција од 8 скулптури работени со комбинирани материјали.

Ненад Тонкин е воспитувач во градинка и академски скулптор. Неговата магистерска теза од областа на скулптурата го истражува и анализира уметничкиот предизвик при создавање скулптури инспирирани од цртежи на деца од градинка. Дизајнира сценографија за театар. Изработува скулптури исклучиво со употреба на рециклирани материјали и најдени готови предмети. Насликал неколку мурали со поголеми димензии. Реализирал повеќе самостојни и групни ликовни изложби во земјата и странство. Автор е на музика за неколку театарски претстави.  Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 03-ти ноември.

Коментари

коментар(и)