Во Речица при физичка пресметка убиен мигрант

Мигрант е убиен при физичка пресметка помеѓу повеќе лица, утринава во близина на село Речица, кумановско. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека лицето било повредено со остар предмет. Веднаш било пренесено во Општа болница Куманово, каде по кратко време починало. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет.

Коментари

коментар(и)