Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 476 возачи.
„Од нив, 41 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа 235 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 241 надвор од населено место“, соопшти МВР.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.