Ќе се реконструира патот до манастирот Карпино

Наскоро ќе започне реконструкција и поправка на патот кој води до Карпинскиот манастир. Потпишан е договор со фирмата Фишер Тихи од Куманово кои ќе се погрижат да го санираат патот во должина од 2,5 километри. Планирано е сите критични места да се доведат во стабилна состојба со пропусти на повеќе локации. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој кои ќе ги користи општина Старо Нагоричане за санирање на патот. Следна цел е реконструкција на постоечкиот конак. Тимот на Манастир Карпино секогаш е отворен за нова соработка, информираат оттаму.

Коментари

коментар(и)