Пукано од огнено оружје пред угостителски објект

Полициски службеници од СВР Куманово викендов привеле двајца кумановци на возраст од 43 и 47 години поради постоење основи на сомнение за нивна инволвираност во настан во кој имало пукање од огнено оружје пред угостителски објект на ул.„Димитрије Туцовиќ“ во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, во настанот нема повредени лица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)