Ученици и наставници од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во Модика, Италија

Тимот на ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово од осми до дванаесетти мај годинава ја реализираше својата последна мобилност во рамките на Еразмус + проектот Green energy = green life во Модика, Италијa.

Учениците учествуваа во повеќе активности, работилници и научни екскурзии, како што беше посетата на Археолошкиот парк Неаполис во Сиракуза и Пјаца дел Дуомо во градот Сиракуза, организирани од домаќините на мобилноста.

„Учениците стекнаа големи искуства и незаборавни доживувањa заедно со другите ученици од Романија, Бугарија, Турција и Италија“, посочуваат наставниците.

 

Коментари

коментар(и)