Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Ј.К.(54 години) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 11-ти месецов на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници извршиле контрола на автобус со турски национални ознаки, при што пријавениот приложил фалсификувана меѓународен зелен картон за осигурување на автобусот.