Timeless со нов салон во Куманово во новоотворениот модерен трговски центар Ла Плаза. Голем избор на часовници од светски познати брендови како и ексклузивен накит по пристапни цени и со специјални попусти за клиентите е она што го одбележува отворањето на четвртиот по ред салон на Timeless кој започна со работа вчера на атрактивна локација во градот.
-Се наоѓаме во новиот мол во Куманово, Ла Плаза. Со нашиот бренд на часовници и накит отворивме уште еден салон тука во Куманово, четврти по ред и се надеваме на успешна соработка со нашите клиенти. Во меѓувреме, ја проширивме нашата понуда со уште неколку брендови на ексклузивен италијански сребрен накит и на часовници и се надевам дека и понатаму ќе имаме одличен однос со нашите потрошувачи. Сега е сезоната на матурските прослави и веселби, иако ние и порано имавме попусти, сега во новиот продажен салон подготвивме понуда од 20 % до 50% попусти на целокупниот асортиман којшто ќе трае следните три дена. Постоиме веќе 11 години и освен во Куманово имаме продажен салон и во Скопје со одличен тим за работа. Се надевам дека нашите клиенти ќе го препознаат нашиот вложен труд, енергија и ќе продолжат и понатаму да не поддржуваат и да раснеме заедно со нив. Се надевам на уште поголеми успеси во иднина, изјави Ѓокица Гиевски, Timeless
Тајмлесс ДООЕЛ е основана од старо златарско семејство од Куманово, со 50 годишна традиција во производство и продажба на накит од злато и сребро.
Timeless започнува со работа во 2012 година и од тогаш во своите 3 локали нуди голем избор на часовници и ексклузивен накит.
Timeless е генерален увозник и застапник за реномираните брендови на машки и женски часовници: Lee Cooper и U.S. Polo Assn. како и за ексклузивниот накит Helena Dia Handmade Jewelry, Bianca Milano и Victoria Cruz Jewelry.