СВР Куманово информира дека синоќа, во 19.15 часот, полициски службеници лишиле од слобода 39-годишен кумановец бидејќи во семејната куќа во Куманово физички го нападнал својот малолетен син и притоа пукал од воздушна пушка.
Таткото е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.