ВИДЕО: Меморијален натпревар во чест на фудбалската легенда Ванчо Ивановски – Старејко

Во чест на легендарниот фудбалер од кумановската спортска историја, Ванчо Ивановски – Старејко, викедов во спортската сала на СОУ Перо Наков  се одигра пријателски натпревар во мал фудбал, помеѓу ветераните на ФК Куманово и ФК Работнички – Скопје. Во ревијалниот  дел настапија малите фудбалери од младинската школа за фудбал „Еуроспорт”од Куманово, кои пред публиката одиграа меѓусебен натпревар. Од име на организаторите,  ветераните на ФК Куманово, беа доделени плакети и благодарници за заслужните спортисти и поддржувачи на спортските турнири и активности кои ја негуваат спортската традиција на Куманово. Настанот е поддржан од Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)