ЦИВИЛ организира јавен настан во Куманово

Центарот за слобода со поддршка од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, организира јавен настан насловен „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, утре во просториите на поранешен Комитет со почеток во 13 часот.

На оваа граѓанска средба се поканети претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

По воведните излагања, ќе биде отворена дискусија со кратки излагања до пет минути. Учесниците се поканети да говорат, како за предизвиците, така и за решенијата што ги предлагаат.

На крајот од дискусијата, ќе се направат нацрт заклучоци и препораки кои потоа ќе бидат разработени во комуникација со локалните власти и ќе бидат упатени на соодветни институции и организации.

Коментари

коментар(и)