МЗШВ: До 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на агенцијата

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат.

Коментари

коментар(и)