На спортските терени во близина на градскиот кеј утре ќе се одржи меѓународна изложба на педигрирани кучиња, како и специјализирана изложба за расата кавкаски овчар.
Изложбата која ќе започне во 10 часот, ја организира Кинолошко друштво Кинолог од Куманово, и клуб за кавкаски овчари на Македонија.
Организаторите информираат дека кучињата ќе ги оценуваат реномирани судии од Израел, Србија и Македонија. Се очекуваат излагачи од повеќе европски земји.
За најдобрите во сите класи и категории се обезбедни пехари и пригодни награди.