МОН: Завршија градежните активности во 40 училишта

Министерството за образование и наука информира дека се завршени градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост.

-Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа постојните тоалети, подовите и воопшто внатрешноста на објектите, вклучително и училниците. Овие училишта се дел од поширок план за унапредување на условите за следење на наставата и за подобрување на пристапноста во вкупно 118 училишни објекти, за што обезбеден е буџет во рамки на проектот за унапредување на основното образование, кој се финансира со средства од Светска банка, соопштија од МОН.

Коментари

коментар(и)