Во просториите на ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ се одржува дводневен семинар на тема „ Интегрирано изучување на странски јазици преку различни наставни содржини“. На обуката учествуваат наставници по странски јазици од основното и средно образование од Куманово, како и претставници на МОН.
Предавачи се експерти од Европскиот центар за современи јазици од Холандија и од Националниот институт за документирање, иновација и едукативно истражување од Италија.
Семинарот го реализира Европскиот центар за современи јазици во соработка со Министерството за образование и наука и во организација и координација со ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово.