На подрачјето на општина Липково, пред два дена полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север лишиле од слобода 41-годишен жител на кумановско Лопате и 49-годишен жител на Куманово.
При преглед во патничкото возило „пежо боксер“ и во товарно возило „форд транзит“, двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација.
Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.