Велешанец приведен за превезување мигранти

На регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце вчера попладне полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане  лишиле од слобода  27-годишен жител на  Велес.  При контрола на товарно моторно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.

Велешанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)